
Иран му наредил на шведски дипломат да ја напушти земјата во рок од 48 часа, како реципрочен потег, откако официјален Стокхолм вчера протера службеник на Амбасадата на Иран.
За официјален Техеран протерувањето на ирански дипломат е неоправдан чекор со што се крши меѓународното право и ја обвини Шведска за попречување на работата на Амбасадата на Иран.
Исто така, Иранците ја обвинија Шведска за водење на непријателска политика и пружање засолниште на поединци и групи кои работат против Иран.
Во вчерашното соопштение од шведското Министерство за надворешни работи се наведува дека иранскиот дипломат е протеран поради „активности кои не се во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи“.
Знаеме дека Иран подолго време спроведува активности кои ја загрозуваат безбедноста во Шведска“, изјави вчера шведскиот министер за правда Гунар Стромер.

Македонски


