
Неодамнешна проценка на американските разузнавачки служби покажала дека Иран сè уште произведува околу 50 балистички ракети месечно, и покрај месеците воздушни напади на САД и Израел, објави „Бумберг“.
Според изданието, тоа е половина од она што Иран можеше да го произведе пред војната и е во спротивност со неодамнешните тврдења на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет дека 80% од индустриската база на Иран е уништена.

Во текстот се додава дека Иран, исто така, сè уште има посебна залиха на компоненти што можат да се користат за склопување дополнителни балистички ракети.
Ова доаѓа во време кога Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГК) објави видео од нов подземен „ракетен град“, на кое може да се видат нови варијанти на крстосувачки ракети, хиперсонични балистички ракети и друга сродна опрема.

Македонски



