Skip to main content
m_qvQy1bFio

Ризичен пожар во валандовско, полетаа „Ер тракторите“

Денеска околу 13.00 часот, изби пожар во атарот на валандовското селото Удово, при што пожарникарите итно беа упатени кон тој пожар, но веднаш потоа изби друг пожар на локалната допонија до Валандово, што од слабиот ветар се проширил на околната ниска вегетација, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Посочува дека поради стрмниот тешко прооден терен и густата вегетација полна со трње, од страна на градоначалникот Ѓоко Камчев, веднаш била побарана воздушна помош.

Кон пожарот упатени се два ,,Ер трактори” на ДЗС и по нивното дејствување врз пожарот е воспоставена делумна контрола, но се уште е активен на еден негов крак.

Пожарот кај Удово е изгаснат.

Поврзани вести