Skip to main content

Гори Крит: Загинаа тројца пожарникари, 8.000 луѓе евакуирани, пожарот е надвор од контрола

На Крит силните ветрови предизвикале пожар, што доведе до евакуација на неколку села, а двајца пожарникари загинаа откако останаа заробени кога огнот го зафати регионот Ретимно, западно од островот.

Уште еден пожарникар почина откако беше пронајден во несвест во близина на пристанишниот град Гитео, јужен Пелопонез, јави Би-би-си.

Во меѓувреме започна четвртиот топлотен бран во Шпанија и Франција, а пожарникарите се обидуваат да спречат разгорување на големите пожари кои штотуку беа ставени под контрола.

Сведоци изјавија дека на Крит избувнале неколку пожари и брзо се прошириле, а најлошиот огнен фронт се протегал до 15 километри.

Жителите и туристите се евакуирани од Крија Вриси, планинското село каде што загинаа двајцата пожарникари.

Шумски пожари избувнаа и на други места во Грција, на островите Парос и Лезбос во Егејското Море и во јужниот град Трифилија на грчкото копно.

Поврзани вести