Skip to main content

Meси се одмори од СП, се врати во тимот на Мајами

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси се врати во Интер Мајами по Светското првенство 2026.

-Денешното пристигнување на играчите се чувствува сосема поинаку, се вели во соопштението на прес-службата на клубот, објавено заедно со фотографија од Меси како пристигнува во тренинг-кампот.

На 19 јули, 39-годишниот играч, како дел од репрезентацијата на Аргентина, загуби со 1:0 од Шпанија во финалето на Светското првенство.

Осумкратниот освојувач на Златната топка е во Интер Мајами од 2023 година. Минатата сезона го водеше клубот до титулата во МЛС. 

Меси има 104 настапи, 90 голови и 51 асистенција за американскиот тим

Поврзани вести