Skip to main content

Се продава последниот пакет влезници за СП, ако Трамп им даде визи

ФИФА денеска го пушти во продажба последниот пакет влезници за Светското првенство, точно 50 денови пред стартот на мундијалскиот турнир во САД, Канада и Мексико.


Светската куќа на фудбалот информираше дека навивачите можат да купат билети за сите 104 натпревари од Светското првенство на FIFA.com/tickets од 15:00 часот по средноевропско време.
Досега се продадени повеќе од пет милиони билети.


Ова е последната фаза од продажбата, иако ФИФА навести дека повеќе билети ќе бидат достапни континуирано до финалето на 19 јули, во зависност од достапноста.
Светското фудбалско првенство ќе стартува на 11 јуни

Поврзани вести