
Сакаат да дадат некаква понуда, но не знаат како, сакаат нешто да кажат, но не знаат да се изразат.Прес-конференциите кои се одвиваат по принципот сакам кажам, не знам речам се само одраз на површноста на специјалниот пратеник на Радев во Македонија, Венко Филипче, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Венко Филипче на последните изјави на Филипче во кои тој говори за некакви широки влади.
Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче всушност ги брани позициите на Румен Радев во Македонија. Се што бара Радев од Македонија, бара и Венко Филипче. Од друга страна, самиот дава некаква понуда за кохабитација, па потоа вели не сакам во оваа влада. А вистината е дека никој не го ни повика во Влада, ниту некој очекува нешто од Филипче кој во своето делување е киднапиран од Зоран Заев и Румен Радев.
Разбираме дека не е никако лесно со толку многу газди над Филипче, но нека се потрудат да избистрат единствен став кој ќе изгледа сериозно. Венко Филипче е чувар на бугарските ставови во Македонија и чувар на криминалите на Зоран Заев.
Се додека позициите се такви, Филипче ќе е добар пратеник, но не и добар лидер на опозицијата.

Македонски



