
СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Ѓ.(40) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“.
Пријавениот, во март 2024 година, како професор – приправник во средно училиште во Демир Хисар, го фалсификувал потписот на професорот ментор во истото училиштето и на „Извештај за совладување на основните професионални компетенции на наставникот-приправник и неговата подготвеност за полагање на стручниот испит“, го заверил документот како вистинит и го доставил кај секретарот на училиштето.

Македонски



