Skip to main content

Приведени шест возачи, петмина возеле без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Еден возач во Кичево управувал возило иако имал активна забрана за управување, а петмина (тројца во Скопје, еден во тетовско и еден во Гостивар) возеле иако немале возачка дозвола. Возачот во Гостивар бил и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Поврзани вести