Skip to main content

Снег на Пониква на крајот од април – зима се врати накратко

Снег на Пониква на последниот ден од април – видеото што кружи на социјалните мрежи сведочи за невообичаеното заладување кое ја зафати земјава.

Иако до пред неколку дена температурите беа пролетно високи, студен бран донесе драстичен пад и врнежи, а на повисоките планински места дождот премина во снег.

На Пониква, пејзажот накратко доби зимска слика – редок призор за крајот на април.

Поврзани вести