Skip to main content

Финансиски резултати на ОКТА за првиот квартал од 2026 година

Големата променливост што во овој период постои на меѓународните енергетски пазари и невообичаено високите ценовни нивоа, имаа влијание и врз пријавените резултати на ОКТА за првото тромесечје, кои се подобрени во однос на истиот период мината година, како резултат на ефектите поврзани со вреднувањето на залихите, кои по својата природа се реверзибилни. Тоа значи дека, како што меѓународните цени ќе се нормализираат или ќе опаѓаат, се очекува да се појават негативни ефекти од вреднувањето на залихите, а имајќи ги предвид тековно зголемените нивоа на залихи, ваквите ефекти би можеле да бидат значителни. Како резултат на тоа, пријавените резултати на компанијата во следните квартали може да претрпат изразено негативно влијание предизвикано од ревалоризација на залихите, наместо од оперативните перформанси на компанијата.

Во текот на првиот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта бележеа нагорен тренд, со најизразена ескалација во месец март. Ценовните флуктуации произлегоа од зголемените геополитички тензии на Блискиот Исток, што доведе до зголемена загриженост околу безбедноста на снабдувањето, нарушувањето на клучните транспортни коридори и  ограничување на  глобалните текови на нафта и деривати. Овие притисоци на страната на понудата, во комбинација со зголемената неизвесност и претпазливото акумулирање  залихи на пазарите, резултираа со зголемена нестабилност и значително повисоко ниво  на  меѓународните цени во споредба со истиот период од претходната година.

Во вакво пазарно опкружување, ОКТА остана фокусирана на својата основна улога – сигурен снабдувач на нафтени деривати на домашниот и соседните пазари, приоритизирајќи ги континуитетот и безбедноста на снабдувањето. Со цел дополнително унапредување на логистичката флексибилност и оперативната отпорност, компанијата ги прошири своите транспортни капацитети преку користење на продуктоводот за испораки на дизел.

Вкупниот обем на продажба во првиот квартал од 2026 година изнесуваше 334 илјади м³, што претставува зголемување од 35% споредено со истиот период лани, поттикнато од силната извозна активност, зголемената достапност на производите и подобрената логистичка флексибилност, вклучувајќи го тука и користењето на продуктоводот, во рамките на регионално пазарно опкружување кое се карактеризира со построги услови за снабдување.

Извозот сочинуваше приближно 25% од вкупниот обем на продажба, што ја одразува способноста на компанијата да ја искористи својата стабилност во снабдувањето и логистиката за ефикасно да одговори на побарувачката на соседните пазари.

Повисокиот обем на продажба ѝ одеше во прилог на бруто профитабилноста во првиот квартал од 2026 година, додека ефектите од вреднувањето на залихите што произлегоа од галопирањето на меѓународните цени на горивата во текот на периодот исто така влијаеја на објавените резултати. Оперативните трошоци се зголемија за 15% на годишно ниво, главно одразувајќи привремени  фактори водени од активноста, додека компанијата продолжи строго да ја контролира основната трошковна база.

(во милиони денари)К1 26К1 25% на промена
Приходи од продажба12.5918.76744%
Бруто добивка1.270269372%
Оперативни трошоци17515215%
ЕБИТДА1.095117837%
Добивка пред оданочување1.086107917%
Нето добивка96896912%
Прилагодена ЕБИТДА*-201137

*Прилагодена на ефектот на залихите

Имајќи ја предвид структуралната нестабилност на меѓународните енергетски пазари, идните промени во ценовните трендови може да имаат и спротивно влијание врз ефектите поврзани со залихите. Според тоа, прокнижените финансиски остварувања во следните периоди може и понатаму да ги одразуваат флуктуациите што произлегуваат од преовладувачките пазарни услови, а не воспоставените оперативни темели.

Одржливост, пазарна одговорност и општествен придонес

Во согласност со своите стратешки приоритети, ОКТА продолжи да ја зајакнува својата одржливост во текот на првиот квартал од 2026 година. Компанијата инвестираше 24 милиони денари во проекти за обновлива енергија, поддржувајќи го постепеното намалување на своите емисии на јаглерод диоксид и транзицијата кон почисти енергетски решенија, истовремено генерирајќи долгорочна економска вредност.

Во услови на постојана нестабилност на меѓународните цени на горивата, ОКТА презеде таргетирани мерки за поддршка на стабилноста на пазарот и заштита на континуитетот на снабдувањето. Во март 2026 година, компанијата воведе доброволна привремена програма за попуст на дизел и бензин за трговци на големо и мало, која потоа беше продолжена до крајот на април. Иницијативата го одрази проактивниот пристап на ОКТА кон поддршка на пазарот во стресни времиња, истовремено зачувувајќи целосна автономија врз цените за трговците и овозможувајќи бенефит за крајните потрошувачи.

Покрај својата пазарна улога, ОКТА продолжи да инвестира во унапредувањето на општеството и развојот на човечки капитал. Во текот на кварталот, компанијата најави проширување на својата Програма за стипендии, вклучително и воведување на две нови стипендии за постдипломски студии во земјата и во странство, што придонесува за охрабрување на младите и развој на вештини.

Постојаната посветеност на компанијата кон одговорно управување и ангажман во заедницата беше дополнително признаена преку наградата „Најголем корпоративен донатор за 2025 година“ од СОС Детското село. Паралелно, позитивното влијание на неодамнешните иницијативи на ОКТА беше зајакнато со национална бренд кампања под мотото „Енергијата околу нас“, истакнувајќи ја улогата на компанијата во секојдневниот живот и нејзиниот долгорочен општествен придонес.