Skip to main content

Концерт на студентите по Оркестар на народни инструменти и традиционално пеење, од ФМУ на 13 март на „Школка“ во скопскиот Градски парк

Оваа сабота 13.6.2026г., со почеток во 13:30 часот, на Школка во Градскиот парк ќе се одржи концертот „Звуците на Македонија“, во изведба на студентите по Оркестар на народни инструменти и традиционално пеење, од Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Преку богата програма исполнета со македонски народни песни и инструментални изведби, младите уметници ќе го претстават богатството на македонската музичка традиција и културно наследство.
Настанот е дел од серијата концерти со кои Факултетот за музичка уметност ја одбележува својата јубилејна година – 60 години од своето постоење .

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам и е под покровителство на Претседателката на Република Македонија.

Поврзани вести