
Велес денеска беше најтоплиот град во земјава, според најновиот пресек на Управата за хидрометеоролошки работи за температурите измерени во 17 часот.
Во Велес биле измерени 34 степени, а максималната температура во текот на денот достигнала 34,5 степени. Веднаш зад него се Демир Капија и Кавадарци, каде во 17 часот биле регистрирани 32,4 степени.
Топло беше и во Скопје. На мерната станица Скопје-Петровец биле измерени 31,8 степени, додека на Зајчев Рид температурата изнесувала 31,4 степени.
Според податоците на УХМР, високи летни температури се регистрирани и во повеќе други градови. Во Виница биле измерени 29,9 степени, во Тетово 29,5, во Прилеп 28,7, во Гевгелија 28,6, во Крива Паланка 28,2, а во Струмица 27,8 степени.
Иако во Гевгелија во 17 часот биле измерени 28,6 степени, максималната дневна температура таму достигнала 33,8 степени. Во Струмица максималната температура се искачила до 31,7 степени, а во Виница до 31,1 степени.
Најниски температури во 17 часот биле регистрирани на повисоките места. На Попова Шапка биле измерени 16,9 степени, а во Крушево 18,1 степени.
УХМР регистрира и мали количества дожд на неколку мерни станици. Во Маврови Анови биле измерени 0,4 литри на квадратен метар, во Тополчани 0,5, а во Струмица 0,2 литри на квадратен метар.

Македонски



