
Јуни е нејзин месец, па Miyatta и овој јуни се претставува со нов сингл.
„Ти биди СВОЈ“ е музичко парче од мојата душа кое мотивациски е продолжение на „Верувам во себе.“ – вели таа.
Вокалите, музика, текст и дел од аранжманот беа секако нејзино дело. Виолината ја отсвире Гоце Вангеловски. На пијаното е Бојан Димитровски. Гитари отсвиреа Кире Мирчовски и Јаков Ѓорговски, а бас гитарата и тапаните се на Иво Митковски. За да зазвучи кантри, бенџо отсвире Рики Миер од Калифорнија што донесе автентичност и симболизам дека звукот и музиката не познаваат граници.
Miyatta, која и го режира видеото, избра две локации во Македонија каде се чуствувала енергетски позитивно и силно, а тоа се Пробиштип и Кучково. За неа Карпата на Кучково, во општина Ѓорче Петров е енергетско светилиште.
„Со самото видео сакав да ја пренесе енрегијата што значи за мене кога јас сум СВОЈА, растеретена од сите предрасуди и норми, едноставно комотна во своја кожа, и да ги поттикнам и моите сограѓани да го пронајдат тоа чуство секој за себе.“

Македонски



