
Барањето од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да добие полициска придружба за време на неговиот престој во Ванкувер за состаноците на организацијата е одбиено, објави АП, повикувајќи се на градската полициска станица.
– Официјалните поворки со сообраќајни запирања се наменети само за шефови на држави. Бидејќи раководството на ФИФА не ги исполнува стандардите за „меѓународно заштитено лице“ што би оправдале таква придружба (затворање патишта, раскрсници, непочитување на семафорите итн.), барањето беше одбиено“, објасни полицијата.
Оваа недела, ФИФА одржува состаноци во Ванкувер, едно од 16-те места каде што се ќе се играат натпревари од Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Канада, САД и Мексико.
Конгресот на ФИФА, состанок на претставници од сите членки на организацијата, е закажан за денес.

Македонски


