Skip to main content

Утре е Спасовден – најсреќниот ден во годината

Верниците утре го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

Овој голем празник е посветен на Христовото Вознесение, кога, според верувањата, Христос по воскреснувањето се вознел на небото и им оставил порака на своите ученици да ја шират верата по целиот свет. Токму затоа, Спасовден се смета за ден на спасот, воздигнувањето и благословот.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат.

За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко. Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.

Според верувањето, на овој ден, богот на громот Перун ги победил земјоделските култури со гром и град, а божеството Спас со помош на жито во раката ги спасил земјоделските култури. Поради тоа, на некои места остана обичај да се заколат јагниња за Спасовден.

Крстот е составен дел од ритуалот на Спасовден. Луѓето во некои делови сè уште веруваат дека на денот на Спасителот, секој мора да направи крст од гранчиња на лешници. Кој подоцна се поставува на ливади, полиња или на покривите на куќите … каде и да е потребна заштита од демони и зли дела. Во минатото верувале дека овие крстови ќе ги спасат од зло во текот на целата година.

На овој ден, во повеќе села се организира литургија со поворка предводена од свештеници кои шетаат низ црквата и кажуваат молитви.

Поврзани вести