Skip to main content

Мицкоски: Аферата за наводна шпионажа во претседателскиот кабинет е предизвикана од структури од минатото

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со аферата за наводна шпионажа во претседателскиот кабинет, рече дека е предизвикана од структури од минатото.

Тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото, коишто се наоѓале во кабинетите како глодари на некои поранешни политичари, претседатели, премиери и така натаму. И тие се претставуваат како група вработени и испраќаат анонимни дописи до обвинителството. Се разбира, таму Ислам Абази веднаш да истрча и да создаде паника во јавноста дека нешто се случувало. Јас не би ги коментирал овие глодари, бидејќи мислам дека треба да ги заборавиме – рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во општина Ѓорче Петров.

Поврзани вести