Skip to main content

Музички спектакл со Битолски оркестар ДИВА во ЦК „Марко Цепенков“

ЦК „Марко Цепенков“ подготвува нов музички спектакл со Битолски оркестар ДИВА!

На 21мај од20.00 часот во голема сала од Центарот, публиката ќе има можност да ги проследи најдобрите музички поп и рок хитови MTV hits – vol.2, во изведба на солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски.

Ве покануваме да бидете дел од вечерта полна со емоции, ритам и чиста музичка магија! Да дојдете на уште една незаборавна вечер и да ги доживеете најдобрите музички времиња!

П.с.Влезниците по цена од 500 денари на билетарницата од Центарот за култура се веќе пуштени во продажба и ќе се продаваат секој работен ден од 11.00 до 14.00 часот.

Поврзани вести