Skip to main content

Ретроспектива во Кинотека: Гледање со срцето – Билјана Гарванлиева (1973 – 2016)

Гледање со срцето – Билјана Гарванлиева (1973 – 2016)

Ретроспектива со гости

„Филмската авторка од Скопје беше една од најпроникливите културни медијатори меѓу Балканот и  Централна Европа. За својата прецизна и емотивна опсервација, како и за својата аналитичка острина, Гарванлиева освои многубројни меѓународни филмски награди меѓу кои и Германска награда за краток филм (2007) и Наградата за најдобар документарец „Срцето на Сараево“ (2010). Со смртта на Билјана Гарванлиева, кинематографијата на Југоисточна Европа и Германија изгубија автор кој ги следеше своите протагонисти на нивниот животен пат со голема доза на хумор и така стануваше конструктивен и критички глас во регионот од кој потекнуваше“. – Бернд Будер, некролог во Filmdienst 23/2016

Четврток, 14 мај

Почеток: 20:00 часот

„Таленти и околности“. Гостин: Сунчица Уневска

МАКЕДОНСКИ СОН – ДЕВОЈЧЕТО СО ХАРМОНИКАТА

ГЕРМАНИЈА 2006 | ДОКУМЕНТАРЕЦ | 30 МИН. |

Режија: Билјана Гарванлиева

Сценарио: Билјана Гарванлиева

Директор на фотографија: Сузане Шиле

Монтажа: Андре Нир

Тон: Мануел Цимер

Нарачател: Бригита Ланге

Продуценти: Кристијан Бец, Рајнхард Бец

Продукција: Gebrüder Beetz Filmproduktion

Емилија е 17-годишно девојче кое си го бара местото под сонцето. Во текот на целата година вежба на скалите од училиштето и во ходникот дома. Со својатa стара и расипана хармоника заминува на најважниот натпревар во нејзиното музичко образование. Филм за созревањето во еден од најзапуштените краишта на Европа.

ШИВАЧКИТЕ

ГЕРМАНИЈА 2010 | ДОКУМЕНТАРЕЦ | 30 МИН.|

Режија: Билјана Гарванлиева

Сценарио: Билјана Гарванлиева

Директор на фотографија: Димо Попов, Мануел Цимер

Монтажа: Андре Нир

Тон: Мануел Цимер, Дарко Бошкоски, Братислав Зафировски

Музика: Роберт Рабеналт

Продуценти: Иво Антов, Кристијан Бец, Огнен Антов

Продукција: Gebrüder Beetz Filmproduktion

Копродукција: Dream Factory Macedonia

Во Штип, мало гратче во Македонија, традиционалните улоги се свртени наопаку. Додека жените работат кај единствениот работодавач – блиската текстилна фабрика, невработените мажите своето време го минуваат по кафеани. Поглед

зад завесата на глобализацијата.

Петок, 15 мај

Почеток: 20:00 часот

„Традиција и промени“. Гости: Георги Унковски, Марија Џиџева

ДЕВОЈЧЕТО ШТО БЕРЕ ТУТУН

ГЕРМАНИЈА 2009| ДОКУМЕНТАРЕЦ | 30 МИН.|

Режија: Билјана Гарванлиева

Улоги: Мумине Алиова, Севдије Дервишова, Селбије Алиова, Сазине Алиова, Јашар Алиов, Мумин Алиов

Сценарио: Билјана Гарванлиева

Директор на фотографија: Сузане Шиле

Монтажа: Андре Нир

Тон: Јерг Хене

Музика: Љубојна, Оливер Јосифовски

Продуценти: Марија Вишњевски, Анахита Наземи

Уредник на проектот: Бригита Ланге

Продуцент: Кристијан Бец

Продукција: Gebrüder Beetz Filmproduktion

Копродукција: ZDF, 3sat

14-годишната Мумине живее во село во ридестите предели на Македонија каде што се одгледува тутун. Сонува да оди на училиште за еден ден да изгради самостоен живот, но нејзините родители, кои припаѓаат на јуручката заедница, сакаат да ја продадат како невеста. Многу личен филм за судирот меѓу традицијата и модерноста во една малку позната култура.

ПОСЛЕ ДОЖДОТ (СВЕДОШТВА ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ)

МАКЕДОНИЈА 2013| ДОКУМЕНТАРЕЦ | 30 МИН.|

Сценарио и режија: Билјана Гарванлиева
Директор на фотографија: Мануел Цимер, Бесфорт Имами, Кирил Сентевски
Монтажа: Филип Грчевски
Тон-мајстор: Сенада Ибраимова
Композитор: Оливер Јосифовски
Вокал: Вера Милошевска
Музика изведена од Љубојна
Микс на тон: Филип Грчевски
Асистент на режија: Сенада Ибраимова
Придружен продуцент: Огнен Антов
Продуцент: Билјана Гарванлиева © biljana garvanlieva 2013

„После дождот“ е првиот документарен филм на македонската режисерка Билјана Гарванлиева за климатските промени. Документарецот прикажува четири жени, на возраст од четириесет до осумдесет години, кои работат како земјоделки на село. Потекнуваат од различни заедници – македонска, турска и албанска – и секоја има различен однос кон својата земјоделска работа. Овој 20-минутен филм со климатски сведоштва се фокусира на стравовите и на предизвиците со кои се соочуваат овие жени занимавајќи се со земјоделство како една од гранките најпогодени од климатските промени.

Сабота, 16 мај

Почеток: 20:00 часот

Недовршен филм. Гостин: Мануел Цимер

ТЕТОВСКИ САМРАК  

МАКЕДОНИЈА 2016/19 | ДОКУМЕНТАРЕЦ | 63 МИН.|

„Тетовски самрак“ ја опишува состојбата на една генерација која живее меѓу надежта и реалноста и го поставува прашањето на вистинскиот живот во катастрофални околности. Сите протагонисти сонуваат за подобра иднина на друго место, сега или во минатото.

Во 2011 година на Билјана ѝ беше дијагностициран рак. Меѓу копнежот и безнадежноста, почна да работи на својот нов проект. Со „Тетовски самрак“ Билјана не само што сакаше да сними нов филм за својата земја преку истражување на суштината на непријателство меѓу Албанците и Македонците, туку и повторно ја откри својата татковина и си го постави прашањето: Како може да се остварат соништата кога околностите се катастрофални? Билјана почина во септември 2016 година после завршувањето на  правата фаза од снимањето.

Режија: Билјана Гарванлиева
Камера: Мануел Цимер
Монтажа: Сашко Потер Мицевски
Музика: Оливер Јосифовски
Продукција: Огнен Антов, Dream Factory Macedonia

Поврзани вести