Skip to main content

Уапсена жена за лажно пријавено семејно насилство

Вчера во 22:10 часот полициски службеници од ОВР Дебар ја лишија од слобода 40-годишната С.Р. од дебарско село затоа што претходно во полициска станица лажно пријавила семејно насилство по член 366 од Кривичниот законик, односно лажно пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Поврзани вести