Skip to main content
СПОРЕД БЕЗБЕДНОСНИОТ АНАЛИТИЧАР МИЛАН СТЕФАНОВСКИ

Безбедноста ќе биде примарна цел на правниот и политичкиот поредок на меѓународната сцена

Се поизвесно е дека во годините што следат, безбедноста ќе биде примарна цел на правниот и политичкиот поредок на меѓународната сцена.Високо на агендата во скоро сите држави ќе биде носењето на одлуки поврзани со безбедносни и одбранбени политики и засилување на воено индустрискиот капацитети на државите.

НАТО во својата долгорочна  стратегија предвидува дека во следната деценија светот ќе биде исполнет со геополитчки судири пред се помеѓу геополитичките гиганти САД, Кина, Русија и ЕУ, а од друга страна и САД бара од ЕУ посилен и поинтезивен ангажман во воена смисла насекаде каде што ќе се развиваат бројни сценарија,анализира безбедносниот аналитичар Милан Стефановски.

Според него, САД очигледно  безбедносните гаранции ќе ги ревидираат и проектираат  согласно нивните стратешки погледи.

Тоа пак за ЕУ е сигнал да работи на оваа проблематика понезависно од САД. Впрочем, тоа веќе се препознава во одлуките кои се на сила заради конфликтот со Иран, а во однос на ЕУ постои можност за намалување на американското воено и логистичко присуство.

Колку и да се анализира, светот интезивно се подготвува да превенира или да живее со последиците од конфликтите кои ќе ја разнишуваат светската економија, и тоа ќе биде сериозен проблем.

Конфликтот помеѓу Украина и Русија, и САД и Иран, го урнисаа економско- енергетскиот и правно- политичкиот поредок во светот, тоа пак говори дека сите општества ќе инвестираат многу во безбедносни политики без разлика дали тоа ќе бидат низ призма на нови сојузи, дипломатски контакти, силни вооружени армии, инвестиции во инфраструктура, технологии, системи и платформи кои ќе го јакнат безбедносниот апарат за државните системи бидат што поотпорни и еластични. Со еден збор без безбедност нема да има економија, развој и просперитет.

Каде во цел овој комплот од комплицирани односи е Македонија?

Она што импонира е тоа што министерот за одбрана Владо Мислајловски покажа огромен личен капацитет, голем ангажман, силно познавање на геополитичките процеси, инстикт за тоа што и треба на Армијата и одбранбениот сектор. Неговото големо претходно институционално искуство го направи релевантен за оваа функцијам додава Стефановски.

Воената дипломатија што ја форсира Мисајловски и постојаните контакти се покажуваат како клучни во размената на идеи и нови билатерални партнерства кои ќе бидат сржта на идниот развоен концепт на АРМ. Кога сојузите заради геополитиката добиваат друга димензија, најважно нешто  е преку воената дипломатија да се реафермираат старите партнерства и да се градат нови. Вмрежувањата преку поедниечни средби ја зацврстуваат државата во поглед на безбедноста и довербата. Безбедноста како наука е материја која цело време еволуира, бара водење на постојан димпломатски дискурс.

Министерството за одбрана со овој министер и кабинет  поддржана од Владата на РМ ги испишува можеби најсветлите страници кога станува збор за набавка на нова опрема, силен и проектиран буџет за модернизација и развој на човечките ресурси.

Актуелните и идните набавки од САД ќе ја етаблираат АРМ за достоен и респектабилен партнер и важен сегмент од регионалната безбедност имајќи ги во предвид резиците на регионот. Актуелните и идни набавки од ЕУ  и вложувањето во обуката, образованието и инфраструктурата ги зајакнува и развива базичните сегменти на Армијата.

Од друга страна политикантите и аматарите и оние кои несмасно го водеа Министерството за Одбрана знаат да искоментираат дека оставиле готови договори кои требало само да се реализираат.

Еден голем аматерски и небулозен гаф за нив, имено денес можете да оставите хипотетички 10 или 100 договори, денес најлесно е да склучите договор, но ви треба капацитет да се реализира договор. Зошто не ги реализирале договорите ако имале познавање и капацитет? За реализирање на било како договор треба да имаш силен и морален капацитет. Визија и напорна работа.

Она што е исто така важно дали се законски тие договори кои ги остави опозицијата, како во случајот со хеликоптерите Леонардо? Дали се правно издржани и дали има штета по буџетот на АРМ и државата.

Заклучокот во скоро двегодишното менаџирање со институцијата Министерство за Одбрана е дека овој министер и оваа Влада се на вистинската патека. Во овие две години 0 афера за проневера или криминал. Армијата денес е институција со најголема доверба, денес луѓето помалку зборуваат за безбедно општество, затоа што за тоа се грижи државата и институциите.

Во пресрет на идните геополитички процеси во регионот важно е дека имаме министер и Влада кој добро ги читаат овие процеси, прават неколку чекори подалеку во однос на зацврстување на партнерството со САД, но и се градат  и силни билатерални сојузи преку воената дипломатија ширум светот. Тоа е многу важно за развојот на нашата држава, економија и иднина.

Поврзани вести