Skip to main content

Милатовиќ: Процесот на проширување на ЕУ повторно доби стратешка важност

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ изјави дека Самитот ЕУ – Западен Балкан „носи нова надеж“ за сите земји-кандидатки за прием во Европска Унија во време кога процесот на проширување „повторно доби стратешка важност“.

Тој посочи дека од Самитот во Тиват е испратена порака за „европско единство, кредибилитет и заедничка иднина“.

Самитот има значење што ги надминува границите на Црна Гора. Тој е важен и за регионот, како и за ЕУ. Интеграцијата на Црна Гора би испратила силен сигнал до сите земји-кандидатки дека европскиот сон е жив, дека е реален, дека се исплатува напорната работа и оти политиката на проширување останува една од најуспешните политики на ЕУ – потенцира Милатовиќ.

Тој оцени дека стратешката цел на Црна Гора да стане членка на ЕУ до 2028 година е „реална и остварлива“.

Милатовиќ истакна дека пристапувањето на Црна Гора во ЕУ би претставувало „триумф“ на целото општество, потврда за „посветеноста на реформите и способноста на општеството да се менува“, а воедно би било охрабрување за регионот и потврда „за кредибилитетот и привлечноста на европскиот проект“.(МИА)

Поврзани вести