Skip to main content

„Декада на трансфромации“ го исполни Сули Ан со уметност, емоции и незаборавна атмосфера

Во Сули Ан, официјално беше отворена изложбата „Декада на трансформации“ на уметникот Бојан Ковски и фотографот Бојан Стоилковски, проект што се одбележа десет години творештво на Ковски во областа на body-art уметноста и визуелната трансформација.

Настанот привлече голем број посетители, уметници, јавни личности и љубители на современата уметност, а атмосферата беше исполнета со позитивни реакции, емоции и воодушевување од целиот концепт и продукција на изложбата.

Отворањето започна со впечатлив перформанс на Наде Талевска, инспириран од „The Diva Dance“ од филмот The Fifth Element, со што публиката беше воведена во светот на трансформацијата, движењето и визуелната магија.

Во центарот на вечерта беше обраќањето на Бојан Ковски, прикажано дигитално на повеќе од 70 квадратни метри LED екрани, кои подоцна беа искористени за изложување на видео-инсталациите создадени во соработка со Бојан Стоилковски. Во својот говор, Ковски зборуваше за десетгодишното патување низ body-art уметноста, за процесот на создавање на изложбата, како и за значењето на соработката со Стоилковски и поддршката од неговата асистентка Неслихан Сулејман.

За време на обраќањето беа претставени и партнерите на изложбата, а специјална благодарност беше упатена до MAX Management, која стои зад организацискиот дел на настанот за изложбата.

По официјалното отворање, посетителите имаа можност да уживаат во видео-инсталациите и визуелниот амбиент на изложбата, проследени со музичките сетови на DJ Daniel и Lephonq, организирани од Intermezzo Music Bar.

Модели за изложбата беа:
Ведрана Ѓорѓевиќ, Ангела Стојановска, Ана Стојановска, Васил Зафирчев, Лара Иванова, Калтрина Круезиу, Матеј Павловски, Марија Лазарова, Ангелина Китановска и Илин Јовановски. кои преку своето присуство и трансформации станаа жив дел од визуелниот јазик на проектот.

„Декада на трансформации“ уште еднаш ја потврди моќта на современата уметност да создаде искуство што не само што се гледа, туку и длабоко се чувствува.

Поврзани вести