
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека со тоа што неговиот руски колега Владимир Путин одбива директни разговори избира продолжување на војната.
За жал, руската страна избира уште војна … Едноставно не сака да ја заврши војната, наведе Зеленски.
Украинскиот претседател вчера предложи директни преговори за завршување на војната, а Путин денеска одби средба со Зеленски, истакнувајќи оти таква средба „нема цел“ пред да биде финализиран мировниот договор.

Македонски


