Skip to main content

Ден пред Први мај: Стража осамна во зимско руво

Снег наместо скара пред Први мај – невообичаено студеното време донесе зимска атмосфера на Стража.

Додека граѓаните се подготвуваат за првомајските излети, планинските предели утрово осамнаа под снег, а дождот и ниските температури ја расипаа пролетната слика. Видеата на социјалните мрежи покажуваат дека зимата накратко се врати токму пред празникот.

Сепак, метеоролозите најавуваат стабилизација на времето во наредните денови.

Поврзани вести