Skip to main content

Филипче: По заминувањето на Цеков, почнува распадот на „тендер-коалицијата“

Facebook/SDSM

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше по заминувањето на пратеникот Миле Цеков од ЗНАМ, оценувајќи дека, како што вели, „тендер-коалицијата“ меѓу ВМРО и ЗНАМ почнува да се распаѓа.

Во објава на социјалната мрежа Х, Филипче порача дека во власта има луѓе кои, според него, ја согледуваат состојбата, додавајќи дека СДСМ е отворен за соработка со сите кои сакаат да се дистанцираат од актуелната власт.

Поврзани вести