
Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на двајца македонски државјани – брачен пар, пронашле 68 илјади австралиски долари.
Како што информираат од Царинската управа, иако патниците носеле поголема сума на девизи, тие наместо да се упатат на црвениот канал за пријавување, поминале низ зелениот канал, наменет за патници без ништо за пријавување. По селекција биле издвоени за детална контрола, при што биле откриени непријавените девизни средства.
„Согласно Законот за девизно работење, на патниците поединечно им се вратени девизи во противвредност од по 10 илјади евра (вкупно 33 илјади австралиски долари), додека преостанатите 35 илјади австралиски долари се запленети“, соопштија од Царинската управа.
Оттаму додаваат дека континуирано се спроведуваат активности за спречување на нелегален прекуграничен пренос на готовина.

Македонски


