Skip to main content

Разбиена албанско – италијанска криминална група, запленети милион евра и друг имот

Во заедничка акција на албанското специјално обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) и Дирекцијата за борба против мафијата од италијанскиот град Бари, разбиена е структурирана криминална група вклучена во перење пари и убиства во двете земји, како и меѓународна трговија со дрога.

Како што изјави првиот човек на СПАК, Клодијан Брахо, на заедничката прес-конференција со италијанските колеги, операцијата била спроведена со заеднички тим со поддршка на Евроџаст, додека индициите се добиени од истрагите за убиството на 26-годишниот италијански фризер Франческо Дивисти, настан што се случил во април минатата година.

Групата ја предводел албанскиот државјанин, Игли Камбери а во рамки на акцијата, Специјалниот суд издаде 10 безбедносни мерки, додека италијанскиот суд уште 5. Меѓу 15-те лица, 11 се албански, додека останатите 4 се италијански државјани. Четири од приведените се жени – изјави Брахо.

Објави дека за време на истрагите се запленети приближно 1 милион евра во готово, како и друг имот, деловни компании, возила, за кои постои сомневање дека произлегуваат од криминални активности.

Додаде дека акцијата била спроведена во Тирана, Валона, Фиер, Рим, Барлета, Ангани и Мадрид.

Со СПАК реализираме успешна операција, благодарение и на Евроџаст. Соработката трае веќе 10 години и ќе продолжиме да соработуваме. Убедени сме дека Албанија ќе може да се бори против својата мафија со свои сили и ние ќе застанеме на нејзина страна. Ќе имаме меѓусебна соработка, изјавил претставникот од Дирекцијата во Бари.(МИА)

Поврзани вести