Skip to main content

Две хаос сообраќајки со мотори

Две лица се тешко повредени, а тројца полесно во две сообраќајни несреќи вчера во Скопје и во Куманово во кои учествувале мотоцикли.

Прво во 11:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишната В.Х.М., мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.С.(24), патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(53) и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, запрено од С.А.(65), сите од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Околу 18:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на раскрсницата од бул. „Трета македонска ударна бригада“ и ул. „ЈНА“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Л.Ш. од с.Романовце, кумановско и мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Љ.Р.(27) од с.Черкези, кумановско, а потоа патничкото возило „голф“ удрило во патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, запрено од А.Р.(43) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобиле Л.Ш. и нејзините сопатници М.Ш.(51) и еден малолетник, двајцата од Куманово, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Поврзани вести