
Министерството за внатрешни работи ќе ја прекине соработката со српската компанија „Памитекс тим“, која била задолжена за набавка на еднобојни униформи за специјалните полициски единици, најави министерот Панче Тошковски во интервју за „360 степени“.
Одлуката доаѓа по извршената суперанализа во странство, која потврдила дека доставените примероци не го исполнуваат бараниот квалитет пропишан во тендерската документација.
Покрај раскинувањето на договорот, МВР ќе ја активира и банкарската гаранција од компанијата.
„Согласно она коешто го имам како информација, а тоа е следното: рокот за достава на квалитетниот материјал којшто требало да биде доставен во форма на униформи е испочитуван согласно оние пролонгирања на рокот коишто се дадени во рамки на закон и во рамки на договорот од страна на една од компаниите. И таа компанија достави униформа којашто била барана согласно правилник, стандард и квалитет, изјави за „360 степени“ министерот Тошковски.

Македонски


