
Отсуството знае да биде политичка порака само по себе. Особено кога се случува во ден кога Собранието е место за директна одговорност – пратенички прашања, момент кога јавноста очекува одговори, а не статуси. Додека салата во Собрание на Република Македонија чекаше аргументи, Венко Филипче избра друга платформа – социјалните мрежи. Во 14:52 часот, наместо на говорница, како што велат извори на Република, тој веќе беше на пат за Франкфурт.
Грижа за државата од далечина. Политика во статуси, наместо политика во институции. Л
Ова отвора суштинско прашање – дали политичката одговорност може да се „аутсорсира“? Дали е доволно лидер да се јавува со објави, додека институциите остануваат без директен дијалог? Во време кога довербата во политиката е кревка, ваквите потези не се само личен избор, туку сигнал. Сигнал дека зборовите се селат онлајн, а одговорноста офлајн.
Филипче можеби навистина „се секира“, но политиката не се мери по тоа каде си загрижен – туку каде си присутен.

Македонски


