Skip to main content

Бенфика го испрати „специјалниот“ во Реал

Бенфика објави на својата официјална веб-страница дека Жозе Мурињо ја напушта позицијата главен тренер. Шеесет и тригодишниот португалски тренер ќе ја продолжи кариерата во Реал.

Клубот од Мадрид официјално ја изрази својата намера да го потпише Жозе Мурињо за надомест од 15 милиони евра, а тренерот ја прифати. 

-Ти благодариме Жозе Мурињо – се вели во соопштението за медиумите.

Португалскиот тренер ја предводеше Бенфика од 15 септември 2025 година. Под негово водство, тимот остана непоразен во португалското првенство, со 23 победи и 11 нерешени резултати. Бенфика освои 80 бода и заврши на третото место на табелата.

Мурињо претходно работеше во Реал Мадрид од 2010 до 2013 година. Под негово водство, мадридскиот тим го освои шпанското првенство, Купот на Шпанија и Суперкупот на Шпанија

Поврзани вести