
Велешанката Марија Новкова јавно им се заблагодари на двајца полициски службеници од СВР Велес кои, како што наведува, несебично ѝ помогнале при гаснење пожар во нејзиниот автомобил.
Сакам да изразам јавна благодарност до двајца полициски службеници од СВР Велес, кои несебично ми помогнаа при гаснење на пожар во мојот автомобил. Благодарение на нивната брза реакција, смиреност и професионализам спречија поголема штета. Денес во нив видов вистински пример за несебична посветеност, напиша Новкова.
На нејзината објава возврати началникот на СВР Велес, Трајче Мехалов, кој ѝ се заблагодари за убавите зборови и јавно изразената благодарност.
Нашата должност е секогаш да им помагаме на граѓаните кога е најпотребно, а вашата благодарност ни претставува голема чест и мотив да продолжиме посветено да ја извршуваме нашата работа, наведува Мехалов.
Тој додава дека му е драго што со брзата реакција било спречено случајот да заврши со посериозни последици.

Македонски


