Skip to main content

Серафимовски: Со дијалог и заеднички мерки до посилно македонско пчеларство

Само преку отворен дијалог и координирано постапување, можеме да создадеме подобри услови за развој на македонското пчеларство и заштита на квалитетното домашно производство, информира на Фејсбук, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Пчеларите меѓу првите ги чувствуваат последиците од климатските промени, а нивното искуство е важно за навремено креирање соодветни политики. На средбата со претставници на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија разговаравме за состојбите во пчеларството, влијанието на променливите климатски услови врз производството и потребата од поефикасна заштита на домашните пчелари од нелојалната конкуренција – соопшти Серафимовски.

Поврзани вести