
Германски државјанин со дрон неовластено ја снимал караулата на Армијата во струшкото село Радожда, полицијата го привела, соопшти денеска СВР Охрид.
На 05.08.2026 во 14:30 часот во струшкото село Радоджа, од слобода е лишен А.С.(56) од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, согласно член 350 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат како со дрон ја снима караулата во селото Радожда, сопственост на АРСМ, место што е во забранета зона за снимање. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.

Македонски


