
Пад на остатоци од дрон предизвика пожар во индустриска постројка во Илски, во рускиот јужен Краснодарски крај, соопштија локалните функционери на Телеграм, додавајќи дека во нападот со дрон се повредени три лица, меѓу кои и едно дете.
Во објавата не се наведени дополнителни детали.
На тоа подрачје се наоѓа рафинеријата за нафта „Илски“, чиј проектиран капацитет е поголем од 6 милиони тони нафта годишно.

Македонски



