
Граѓанската партија на Грците на Србија ги повика властите во Нови Сад да ја отфрлат иницијативата на Националниот совет на Македонското национално малцинство за поставување на споменикот „Мајка Македонија“, пишува порталот „021.рс.
На 3 август, Националниот совет на Македонското национално малцинство до Собранието на Нови Сад ја поднесе иницијативата за поставување на споменикот „Мајка Македонија“ по повод 80-годишнината од Македонската имиграција во Војводина. Советот за култура и информации на Собранието на Нови Сад одлучи да побара дополнително мислење од ЈП „Урбанизам“ и Институтот за заштита на културните споменици на Нови Сад.

Порталот 021.rs денес објави дека Граѓанската партија на Грците на Србија оценила дека поставувањето на тој споменик би претставувало „длабоко непочитување кон грчкиот народ и држава“ и дека самото име на споменикот е спорно бидејќи името Македонија се однесува на автономен регион и составен дел од територијата на Грција, додека Македонија е суверена држава.
Таа малцинска партија, исто така, смета дека иницијативата за поставување споменик со името „Мајка Македонија“ во градот што го носи епитетот „српска Атина“ е „директна провокација против Грција и грчкиот народ“.
Извор „021.рс

Македонски


