Skip to main content

Поранешнaтa перуанскa премиерка бара политички азил во Мексико, Перу ги прекинува дипломатските односи

Facebook / Betssy Chavez

Министерот за надворешни работи на Перу Уго де Зеле, објави прекин на дипломатските односи со Мексико. Одлуката е донесена откако поранешната перуанска премиерка Бетси Чавез побарала засолниште во мексиканската амбасада во Лима и побарала политички азил.

Според перуанските власти, бегството на Чавез се случило в понеделник, на 3 ноември. Министерството за надворешни работи на Мексико сè уште не ја коментирало ситуацијата.

Бетси Чавез е обвинета за соучество во обидот за државен удар во декември 2022 година, кога тогашниот претседател Педро Кастиљо се обиде да го распушти Конгресот. Кастиљо беше отстранет од функцијата и останува во притвор.

Чавез помина неколку месеци во притвор, но беше ослободена со кауција во септември оваа година. Обвинителите бараат казна од 25 години затвор.

Поврзани вести