Skip to main content

Кинески банкар го убедил синот дека девојката не му одговара, па тој стапил во врска со неа, за потоа да биде осуден на смрт поради финансиска проневера

Кинески банкар го одвратил синот да се ожени и ја зел невестата за себе. И сега се подготвува за смртна казна.

Поранешен шеф на Кинeска банка, 63-годишниот Лиу Лианге, прво го критикувал изборот на партнерка на неговиот син со образложение дека таа не му одговара, а неколку месеци подоцна, тој самиот стапил во врска со девојката.

Сепак, среќата, на „таткото измамник“ не траела долго. Лиу Лианге беше уапсен за поткуп од 17 милиони долари и „сиви“ заеми од 450 милиони, поради што беше исклучен од Комунистичката партија и осуден на смрт. Неговите милиони беа конфискувани од државата.

Овој случај на осуда на смрт на поранешен функционер не е единствен. За време на мандатот на претседателот Си Џинпинг на власт, повеќе од 300.000 високи и средни функционери беа осудени на смрт или долги казни за поткуп, изнуда или проневера.

Поврзани вести