Skip to main content

Ердоган во Казахстан: Турција сака да транспортира повеќе казахстанска нафта до светските пазари

Facebook / Recep Tayyip Erdoğan
Facebook / Recep Tayyip Erdoğan

Претседателот на Казахстан Касам-Жомарт Токаев и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган на средба во Астана потпишаа 13 нови билатерални договори за соработка во областа на енергетиката, образованието, градежништвото и културата.

Казахстан има специјална улога за енергетската политика, што ја водам изминатите години. Значењето на Транскаспсикиот меѓународен коридор Исток – Запад, што денес е современ еквивалент на Патот на свилата, расте секој ден, заедно со Казахстан и другите наши партнери по коридорот ќе превезуваме не само стоки туку и ќе транспортираме енергетски ресурси“, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со Токаев.

Ердоган додаде дека Турција сака преку неа да се транспортира се повеќе казахстанска нафта до светските пазари.

Турскиот претседател во Астана беше одликуван и со државниот орден на Казахстан „Хоџа Ахмет Јесеви“.

Предвидено е утре Ердоган да го посети градот Туркестан, каде ќе учествува на годишната средба на Организацијата на турски држави. 

Поврзани вести