
Ученици и наставници од училиштето Иес Симон Перез од Шпанија, кои престојуваат во општина Илинден во рамки на проектот Еразмус+, што се реализира во соработка со ООУ „Гоце Делчев“ денеска беа на прием кај градоначалникот Александар Георгиевски.
На средбата, информираат од локалната самоуправа, градоначалникот Георгиевски им посака топло добредојде на гостите, истакнувајќи дека ваквите меѓународни образовни размени претставуваат значајна можност за унапредување на соработката, стекнување нови знаења и градење пријателства меѓу младите.
Општина Илинден секогаш ќе ги поддржува проектите кои овозможуваат поврзување на младите, размена на искуства и запознавање на различни култури. Верувам дека престојот во нашата општина ќе остави убави спомени кај учениците и наставниците, а воспоставените контакти ќе бидат поттик за идни успешни соработки“, истакна градоначалникот Георгиевски.
Во рамки на посетата, учениците и наставниците од Шпанија, заедно со нивните домаќини од ООУ „Гоце Делчев“, ќе реализираат повеќе заеднички активности, со цел размена на искуства, промоција на културните вредности и јакнење на меѓународната соработка во образованието.

Македонски


