
Осумнаесеттемина рудари, кои 16 часа беа заглавени во подземна галерија на косовскиот рудник „Трепча“ поради сериозни технички проблеми во снабдувањето со електрична енергија, излегоа над земја.
Никој од рударите не е повреден. Тие излегле од рудникот откако на кратко време беше обновено напојувањето со електрична енергија.
Претходно, претседателот на Синдикатот на рударите, Ибрахим Јонизи, изјави дека првично во рудникот биле заглавени 40 луѓе, но 22 од нив успеале да излезат над земјата.

Македонски


