Skip to main content

Ве чека смрт ако се пријавите да војувате: Руте ги предупреди младите Руси

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ги предупреди младите Руси дека најверојатно ќе загинат доколку учествуваат во војната во Украина.

Ви се испраќа лоша понуда. Нема да бидете обучени, опремата што ќе ви ја обезбедат е со лош квалитет и постои многу голема шанса да загинете или да бидете ранети додека сте таму. Ако бидете ранети, веројатно ќе останете во калта да страдате и да умрете – рече Руте за време на прес-конференцијата во Киев, обраќајќи им се на „младите Руси и нивните семејства“.

Руте рече дека Русија трпи „запрепастувачки“ загуби во Украина, каде, како што истакна, повеќе од 30.000 руски војници ги губат животите на месечно ниво.

Тоа значи губење на повеќе луѓе во еден месец отколку што Советскиот Сојуз изгуби за 10 години војна во Авганистан. Тоа не е апстрактно. Тоа најверојатно ќе бидете вие – порача Руте.(МИА)

Поврзани вести