
Иран продолжува да го разгледува предлогот за преговори на САД и сè уште нема подготвен одговор, изјави ден денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи, пренесува ДПА.
Портпаролот на иранското МНР, Есмаил Багаеи, за државната агенција ИРНА изјави дека Техеран ќе го соопшти својот став до Вашингтон преку Пакистан, кој дејствува како посредник, откако ќе завршат внатрешните консултации.
Белата куќа моментално го чека одговорот на Иран на нејзиниот меморандум за разбирање од 14 точки, што има за цел да воспостави рамка за почетна 30-дневна рунда разговори за прекин на конфликтот.
Запознаените извори наведуваат дека предлогот вклучува потенцијално ублажување на санкциите на САД, аранжмани во врска со иднината на Ормуската Теснина и основа за обновени нуклеарни преговори, пренесува ДПА.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изрази оптимизам дека многу брзо може да се постигне договор, но предупреди дека доколку не се постигне договор, САД ќе мора да продолжат со голема воена акција против Иран, потсетува ДПА.(МИА)

Македонски




