
На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Гази Баба се обрати кандидатот за градоначалник Бобан Стефковски.
Со огромна чест и длабока благодарност стојам денеска пред вас не само како кандидат за градоначалник за втор мандат туку како ваш пријател, ваша сосед и човек што ја дели истата љувоц за нашата Гази Баба. Вие граќаните ми ја дадовте довербата пред четири години, доверба што за мене беше голема обврска да работам, чесно, одговорно и домаќински, да бидам глас на народот, да бидам присутен на терен а не во канцеларија, да слушам, а не само да зборувам. Да делувам, не само да ветувам, рече Стефковски.
Тој потенцира дека во изминатите четири години направивме многу.
Реализиравме 670 нови проекти насекаде низ нашата Гази Баба. Изградивме 32 километри нова мрежа на фекална канализација. Градиме три нови детски градинки во Трубарево, Инџиково и Маџари. Иаградиме училишни спортски сали во Булачани и Стајковци, а со забрзана динамика се гради и новата сала во Црешево. Градиме нова училишна сала за ООУ Крсте Мисирков во Ченто и комплетно го реконструираме домот 11 Октомври кој долги години беше ветуван и забораван, рече Стефковски.
Тој потенцира дека инвестира и во спортот, животната средина и социјалната заштита, и не ги заборавиле ниту младите, ниту пензионерите.
Во 2021 година Гази Баба беше затворена општина во која одлучуваа неколку локални моќници, а денес после четири години општина Гази Баба е прва општина по индексот за транспарентност на меѓународните организации. Но, она што е најважно е довербата што ја изградивме и покажав дека кога ВМРО-ДПМНЕ ја води општината дадениот збор се исполнува, рече Стефковски.