
Тоа што ние го правиме во здравствениот сектор е нешто кое што не се случувало со години па и со децении, вклучително и на позитивната листа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкокси одговарајќи на новинарско прашање.
Очекуваме во месеците кои што следат, нови убави вести за македонските граѓани, со нови лекови кои што ќе бидат вклучени на позитивната листа. Но, исто така мораме да бидеме свесни дека здравствениот систем е сериозен предизвик за сите нас и како таков мораме многу внимателно да се однесуваме кон него – изјави премиерот Мицкоски.
Ако ние континуирано продложиме да го исцрпуваме на начин на кој што го исцрпуваме во моментот, а истовремено да очекуваме квалитетни услуги и кавлитетен сервис тоа е просто невозможно вели премиерот.
Конечно е дојдено време да си го поставиме прашањето, „што можеме ние да направиме за татковината, а не татковината за нас?“. Ние како Влада ќе сториме се да гио заштитиме интересите на татковината и на граѓаните, но очекуваме такво однесување од сите, затоа што ние не можеме да се однесуваме како што поединци, не велам дека тоа е пракса. Во здравството се однесуваат, да речеме се пишуваат дежурства за 31 ден работен во февруари со 24 часа работа, а истовремнено да очекуваме да вложуваме во здравството, така што и ние же треба многу повеќе да водиме сметка за општиот интерес и интересот на граѓаните – посочи Мицкоски.

Македонски


