Македонската полиција работи и во недела. Утрово ги посетив полициските службеници во ЕВР Ѓорче Петров, каде одблиску се запознав со текот на акцијата што денеска се спроведува од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција, информира министерот а внатрешни рботи, Панче Тошковски..
Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба, за што утрово се вршеа претреси на повеќе локации. Продолжуваме со борба против сите облици на криминал, затоа што македонските граѓани заслужуваат да живеат во стабилна и безбедна држава“, вели Тошковски.