
На 13.06.2026 во 11:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Васко Карангелски“ и ул. „Матеја Матевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(33) и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(57), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ – Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонски



