Skip to main content

Интервенција на три авиони и еден хеликоптер за гаснење на пожарот над село Габер

Пожарот во шумата над селото Габер е проширен и се наоѓа во планински и непристапен терен, каде што интервенцијата од земја е отежната, поради што за негово гаснење се ангажирани три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден авион на Министерството за внатрешни работи, информираат од Центарот за управување со кризи.

Ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите.

Пожарот, како што информираат од ЦУК, се движи во правец на селото Вржале, поради што состојбата внимателно се следи и екипите се на терен.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, како што објави, моментално е на терен и одблизу ја следи состојбата, заедно со екипите.

Од Центарот за управување со кризи посочуваат дека се во постојана координација со сите надлежни институции и служби, со цел пожарот да се стави под контрола и да се обезбеди заштита на населението.

Поврзани вести