
Силен ветер со брзина над 70 километри на час, дожд и снег на планините најавува Управата за хидрометеоролошки работи за понеделник. Во прогнозата е означено портокалово ниво на предупредување поради ветерот, особено во западните делови од земјава.
Во текот на ноќта врнежите ќе започнат на запад, а потоа ќе се прошират насекаде. Поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои повисоки места ќе има дожд и снег, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.
Ќе дува засилен ветер, кој во текот на ноќта повремено ќе биде силен и на моменти ќе надминува 70 километри на час. Претпладне ветерот ќе биде западен, а попладне северен. Минималните температури ќе се движат од 2 до 9, а максималните од 11 до 19 Целзиусови степени.

Македонски




